Португалскиот интернационалец Ренато Санчес би можел да му се придружи на сонародникот Кристијано Роналдо во италијанскиот калчолигаш Јувентус. Како што открива „Спорт Медиасет“, агентот на фудбалерот на Лил пристигнал во Торино на преговори со раководството на „старата дама“.
Масимилијано Алегри сака неколку засилувања во средниот ред на Јувентус, а една од опциите е и Ренато Санчес. Тој сака да го напушти Лил, а францускиот клуб би се сложил на таков развој на настаните затоа што мора да прикаже приходи за финансискиот фер-плеј на УЕФА.
Јувентус преговара и со Сасуоло за ангажман на Мануел Локатели, а во опција е и враќањето на Миралем Пјаниќ на позајмица од Барселона. Арон Рамзи во таков случај би заминал како позајмен играч во Милан.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













