Connect with us

Реми за Наполи и Елмас, пораз за Нестор, триумф за Пандев…Милан не го дава врвот (ВИДЕО)

Наполи после излегува од резултатската криза откако во последен момент избегна трет последовен пораз во Серија А. Овојпат на стадионот „Диего Марадона“, Наполи ремизираше 1-1 против Торино. Гостите победоа со голот на Армандо Ицо,а израмни Лоренцо Инсиње во судиското продолжение од мечот. Елиф Елмас влезе на теренот во 30.минута на местото на Деме. 

Пораз забележа Удинезе, и тоа на домашен терен од Беневенто. Капрари и Летиција беа стрелци за гостите, а Илија Несторовски влезе во игра во 73.минута. 

Горан Пандев и Џенова конечно славеа триумф (1-2) на гости против Специја. Горан Пандев беше стартер кај новиот тренер Давиде Балардини, беше асистент за првиот гол на Матија Дестро, кој во 16.минута израмни на 1-1 по водечкиот гол на Нзола. Кришито од пенал донесе триумф за Џенова, а Пандев беше на теренот до 74.минута. 

Милан стигна до триумф (3-2) против Лацио на „Сан Сиро“, со голот на Тео Хернандез во 92.минута од мечот. Со тоа и го сочува врвот на табелата во Серија А. Ребиќ и Чалханоглу од пенал донесоа 2-0 за Милан по само 17 минути игра, но Луис Алберто и Чиро Имобиле успеаја да израмнат. Сепак, Тео Хернандез оваа сезона е таличен за „росонерите“. 

Рома исто така го совлада Калјари со 3-2. 

  
   

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови