
Шпанскиот и европски првак Реал Мадрид постигна договор за личните услови со една од своите основни трансферни цели за ова лето. „Марка“ тврди дека станува збор за Лени Јоро, кој е силно посакуван од „кралскиот клуб“ во последните неколку месеци.
18-годишниот дефанзивец е идентификуван како основен приоритет за засилување на одбраната на тимот. Шпанското издание соопштува дека веќе оваа недела Реал ќе направи голем чекор кон ангажманот на централниот бек на Лил.
Претседателот Флорентино Перез и неговите претставници веќе постигнале договор со Јоро и неговите агенти за трансфер на „Сантијаго Бернабеу“.
Сепак, Реал прво ќе ја објави разделбата со капитенот Начо Фернандез, а потоа „кралевите“ ќе преговараат со Лил за сумата на трансферот на Јоро.
🚨 Real Madrid have reached an AGREEMENT with Leny Yoro. 🇫🇷⏳
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) June 20, 2024
(Source: @marca) pic.twitter.com/XcYqmvNgwA

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Само реми за Наполи против Удинезе (ВИДЕО)
