Connect with us

Реал Мадрид не се откажал од Мбапе, но чека напаѓачот да го направи првиот потег

Килијан Мбапе веќе подолго време се споменува како голема желба на Реал Мадрид и следен клуб во неговата кариера. Сепак, и покрај некои обиди да го доведе, Реал досега не успеа во таа мисија, па е подготвен да направи потег за да го заштити својот углед во фудбалскиот свет.


Во Мадрид не се откажаа да го доведат играчот кој постигна 227 погодоци и асистираше за 99 гола на 275 натпревари за Пари Сен Жермен, но бараат од него да го направи првиот потег и јасно да стави до знаење дека сака да ја продолжи својата кариера на „Сантијаго Бернабеу“.

Мбапе е под договор до крајот на сезоната, но веќе беше во слична ситуација и претходно, а кога се очекуваше да направи трансфер во Реал Мадрид, реши да ја прифати богатата понуда на ПСЖ да остане во клубот. Во Мадрид се почувствуваа измамени, а шпанските медиуми пишуваат дека го нарушиле имиџот на клубот со приказните за Мбапе, а потоа и неуспешниот трансфер.

Затоа Реал Мадрид сега глуми незаинтересираност, но вистината е дека не се откажале од потенцијалниот трансфер. Сепак, прво Французинот „ќе мора да го одработи својот дел“ и да потенцира дека има јасна намера за трансфер во „кралскиот клуб“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови