
Реал Мадрид следното лето ќе се обиде да го доведе фудбалерот на Барселона, Роналд Араухо. Уругвајскиот дефанзивец игра одлично оваа сезона и е можеби најсветла точка во каталонскиот тим.
Сепак, неговиот договор со Барселона истекува во летото 2023 година и мометно клубот од „Камп Ноу“ не разговара со него за потенцијално продолжување на соработката.
За точно една година Араухо ќе има можност да преговара со други клубови, а таа шанса ја чека најголемиот ривал Реал Мадрид.
Флорентино Перез прави се за да го доведе овој фудбалер од Барселона. Тој се надева дека нема да има продолжување на соработката и дека ќе дојде во Реал Мадрид како слободен играч во летото 2023 година.
Реал Мадрид и претходно сакаше да го донесе Араухо во своите редови. Пред неколку години му беше понуден договор, но фудбалерот се одлучи за Барселона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Евро-фудбал
Њукасл и Арсенал во трка за Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал
