
Шпанскиот гигант Реал Мадрид ќе се обиде да го ангажира Килијан Мбапе и во претстојното лето, пренесува „Релево“.
И покрај бројните разочарувања во шпанската престолнина кога е во прашање Килијан Мбапе, Флорентино Перез ќе му даде „уште една шанса“ на Французинот. Две лета го бркаат, ќе има ли „трета – среќа“?
Реал Мадрид подготвува понуда за Килијан Мбапе која ќе му ја достави на играчот во првата половина на 2024 година за да има доволно време да донесе одлука и евентуално да стане нов член на „кралскиот клуб“. како слободен играч на лето.
Преговори од секаков вид, според правилата на ФИФА, не можат да се водат шест месеци пред истекот на договорот на еден фудбалер, па Реал Мадрид сѐ уште не може да тргне во офанзива на нивната голема желба. Она што е спорно е – дали Реал е желбата на Мбапе…
Тоа ќе треба да го докаже во текот на преговорите кои ќе следат следната година и Реал ќе сака Килијан што поскоро да ја парафира соработката со нив. Без гласини и постојано зборување.
Она што го подвлекува „Релево“ е ставот на Реал Мадрид дека доколку Мбапе не биде конкретен во текот на преговорите, ќе ја прекинат секоја врска со него и ќе се свртат кон други проекти како Винисиус, Белингам, Родриго и младиот Ендрик кој пристигнува на лето од Палмеирас.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Трабзонспор сака да го купи Елиф Елмас

Евро-фудбал
Реал и Винисиус сѐ подалеку од нов договор

Интернационалци
Славчо Војнески нов тренер на саудискиот Ал-Оробах

Евро-фудбал
Пауло Дибала останува во Рома и во новата сезона
