Младиот дефанзивец на Реал Мадрид, Раул Асенсио, го продолжи договорот со клубот до јуни 2030 година. Како што пренесува шпанскиот весник „АС“, „кралскиот клуб“ во новиот договор вклучил и откупна клаузула од една милијарда евра.
Асенсио добил и значително зголемување на платата, како награда за впечатливите настапи во текот на минатата сезона.
21-годишниот стопер се етаблираше како важен дел од одбраната на Реал кога тимот се соочи со серија повреди. Успешно ја пополни празнината по отсуството на Едер Милитао и забележа солидни настапи, и покрај скромното искуство на највисоко ниво.
Минатата сезона ја заврши со дури 53 одиграни натпревари и над 4.000 минути на теренот, а годинава дебитираше и за шпанската репрезентација. Асенсио го презеде дресот со број „ 4“ – во чест на својот идол, Серхио Рамос.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













