Европскиот првак Реал Мадрид се подготвува за животот после Карло Анчелоти. Италијанскиот стратег има зад себе успешен период на клупата на „кралевите“, но оваа сезона иако го освои Светското клупско првенство, сепак, заостанува многу зад Барселона во трката за одбрана на титулата во Ла Лига.
Покрај тоа, Анчелоти е најголемата желба на фудбалската репрезентација на Бразил за нов селектор како наследник на Тите, а дел од медиумите најавуваат дека работата е договорена и треба да се реализира по завршувањето на сезоната.
Како што најавуваат англиските и шпанските медиуми, најголема желба на Реал Мадрид за тренерската позиција е Јирген Клоп. Актуелниот менаџер на Ливерпул влезе во резултатска криза со тимот оваа сезона.
Во опција секогаш е и враќањето на Зинедин Зидан, кој чекаше понуда да стане селектор на Франција, но таа можност пропадна затоа што Дидие Дешамп го продолжи договорот.
Уште една клупска легенда, Раул Гонзалес, се споменува како можен наследник на Карло Анчелоти. Тој во моментот го предводи вториот тим, Реал Мадрид Кастилја.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













