
Реал Мадрид дефинитивно има намера да создаде тим кој ќе владее со европскиот фудбал во следната деценија.
Нова мета на „кралскиот“ клуб е Флоријан Вирц, еден од најдобрите играчи на Баер Леверкузен, пренесува угледниот германски „Билд“.
Според информациите, суперталентираниот 20-годишен офанзивен играч за врска ќе остане во Баер Леверкузен уште една сезона, а потоа во летото 2025 година ќе се пресели во Реал како замена за својот повозрасен сонародник Тони Крос.
Наводно зад целиот трансфер стои познатиот производител на спортска опрема „Адидас“, кој е спонзор на Вирц, но уште поважно долгогодишен спонзор на Реал Мадрид, а многу слична улога имаше и при трансферот на Џуд Белингам од Борусија Дортмунд.
Вирц оваа сезона одигра 37 натпревари во сите натпреварувања, постигна 11 гола и има 17 асистенции. Тој е еден од најважните играчи во „машинеријата“ на Чаби Алонсо, а би требало да се случи вистинско чудо за тој наскоро со Баер Леверкузен да не ја прослави првата германска шампионска титула во историјата на тој клуб.
Се очекува да биде и стартер во германската репрезентација на претстојното Европско првенство. Неговата сегашна вредност се проценува на 110 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Пикси: Ми беше чест да бидам селектор на Србија

Евро-фудбал
Кол Палмер уште шест недели надвор од терените
