Левиот бек на Реал Мадрид, Ферлан Менди, ќе биде надвор од терените од три до четири недели. Причината за тоа е мускулна повреда на левата нога, која Французинот ја заработи за време на вчерашниот реванш од осминафиналето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид.
Овој натпревар беше јубилеен, 200-ти за Менди во дресот на кралскиот клуб. Тој беше заменет од Фран Гарсија во 83. минута на дуелот на „Сивитас Метрополитано“.
„По тестовите направени денес, кај Ферлан Менди беше дијагностицирана мускулна повреда на задната ложа на левата нога“, стои во официјалното соопштение на клубот.
Од „Бернабеу“ не прецизираат колку долго ќе трае неговото закрепнување, но според шпанските медиуми, тој ќе пропушти најмалку четири натпревари на Реал.
Целта е да биде подготвен за првиот четвртфинален дуел од Лигата на шампионите против Арсенал, кој ќе се игра на 8 април. Ако се исполни попесимистичката прогноза, Менди ќе биде подготвен за 16 април.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
„Волците“ не му можат ништо на Челси (ВИДЕО)













