Легендарниот шпански фудбалер и поранешен напаѓач на Реал Мадрид, Раул Гонзалес, е најсериозен кандидат за тренерската позиција на германскиот бундеслигаш Ајнтрахт Франкфурт. Тој треба да го наследи Ади Хитер кој заминува на крајот од сезоната.
Раул Гонзалес е тренер на младинскиот тим на Реал Мадрид, има договор со „кралскиот клуб“, но веќе побарал дозвола за заминување и Ајнтрахт Франкфурт треба да го вивне во тренерскиот занает. Тој ја познава Бундес-лигата од периодот кога настапуваше за Шалке 04 и единствена опција да не добие дозвола е доколку Зинедин Зидан замине, а тој биде именуван за негов наследник на клупата на „кралевите“.
Реал Мадрид и Ајнтрахт Франкфурт во последниот период остварија одлична соработка, прво Лука Јовиќ дојде на „Сантијаго Бернабеу“ и се врати назад на позајмица, а сега се споменува дека Андре Силва би можел да се пресели во Мадрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













