
Реал Мадрид ги прецрта Лука Јовиќ и Маријано Дијаз, а Карло Анчелоти за следната сезона во нотесот го има името на Раул де Томас. Напаѓачот на Еспањол игра одлично, сезонава постигна 15 гола, а интересно е што ги мина сите помлади категории на Реал Мадрид.
Тој беше на бројни позајмици, но кога во сезоната 2018/19 експлодираше во Рајо Ваљекано, Реал Мадрид го продаде на Бенфика за 20 милиони евра. По една сезона во португалскиот клуб, Еспањол реши да го купи за 15 милиони и Раул де Томас повторно експлодираше.
Од доаѓањето во Еспањол постигна 43 гола на 85 натпревари привлекувајќи вниманието кон големите клубови.
Реал Мадрид би можел да го врати по три години, како алтернатива на Карим Бензема.
Ерлинг Халанд е можеби и неостварлива цел, а желба број еден е Килијан Мбапе, но тој секако нема да му биде конкуренција на Бензема.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal
