Фудбалерите на Пелистер продолжуваат со одличните игри за време на подготвителниот период пред стартот на пролетниот дел од шампионатот.
На контролниот натпревар кој денеска се одигра на Градскиот стадион во Кавадарци, Пелистер славеше со 1-2 (0-1) против домаќинот Тиквеш.
Гостите до предност дојдоа со голот на Дарко Ангелески во 40. минута. Тиквеш израмни во 58. минута преку Дарко Дигаловски, но „пелистерци“ во финишот, во 80. минута со голот на Бошковски стигнаа до победата.
ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР
ТИКВЕШ – ПЕЛИСТЕР 1-2 (0-1)
Градски стадион во Кавадарци. Стрелци: Дигаловски 58′ (Т), Ангелески 40′, Бошковски 80′ (П).
ТИКВЕШ: Игески, Вареловски, Петковски, Илиески, Делов, Ташков, Лазаревски, Митев, Мојсов, Ристовски, Станковски
ПЕЛИСТЕР: Трајчевски, Недановски, Б. Љамчевски, Велевски, Петкоски, П. Љамчевски, Момировски, Ангелевски, Бошковски, Марковски, Илијовски
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













