
Поранешниот шпански репрезентативец и легенда на Реал Мадрид, Серхио Рамос, го коментираше можниот трансфер на Хари Кејн на „Сантијаго Бернабеу“. Дефанзивецот го советувал Англичанецот воопшто да не размислува и да ја прифати понудата на „кралскиот клуб“.
Реал е во потрага по нов централен напаѓач откако легендата Карим Бензема го напушти Мадрид. Хари Кејн е приоритетна цел на шпанскиот гигант, но напаѓачот го посакува и Манчестер Јунајтед.
Реал Мадрид е подготвен да понуди 100 милиони фунти за англискиот интернационалец.
„Мој совет до кој било играч е да не ја одбие можноста да игра за Реал – тоа е посебен клуб кој знае како да победува. Кејн, од друга страна, има неверојатно физичко присуство на теренот. Не можете да постигнете толку голови во Премиер – лигата и да не бидете физички силни. Мислам дека многу луѓе не го ценат тоа. Да, тој е одличен стрелец, но и одличен играч воопшто“, изјави Серхио Рамос.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Евро-фудбал
Њукасл и Арсенал во трка за Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал
