Connect with us

Рамос незадоволен, размислува за заминување од ПСЖ?

Серхио Рамос, кој се пресели во Пари Сен Жермен како слободен агент ова лето од Реал Мадрид, сè уште нема дебитирано во својот нов клуб. Познато, тој сè уште е надвор од терените поради повреда, поради која и го пропушти овогодинешното издание на Европското првенство.

Како разултат на ова, шпанските медиуми пренесуваат дека ПСЖ не сака да си „игра со оган“ со медицинско досие на Рамос, и размислува и да се ослободи од него порано од очекуваното. “Ла Разон” наведува дека и дефанзивецот не е задоволен во својата нова средина, и дека би можел да си замине од Париз.

Клубот од “Паркот на принцовите” го доведе Шпанскиот ветеран знаејќи ја ситуацијата со неговите постојани повреди. Инаку, во текот на изминатата сезона, 35-годишниот фудбалер беше надвор од терените дури 192 дена и поради тоа мораше да пропушти 32 натпревари во дресот на Реал Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови