
По победата на Аргентина над Франција на Светското првенство, Емилијано Мартинез, се најде на насловните страници поради неговото однесување главно кон 23-годишниот Килијан Мбапе за време на прославите. Освен што скандираше навредливо против него, тој држеше бебешка кукла со ликот на Мбапе на нивната автобуска парада.
Поранешниот француски репрезентативец Адим Рами на социјалните мрежи упати сериозна критика кон Мартинез.
На својот Инстаграм профил, Рами напиша дека Мартинез е: „најголемиот к*рвин син во фудбалот“, и отиде подалеку, нарекувајќи го „најомразениот човек“.
Бујните прослави и исмејувања на Мартинез предизвикаа многу контроверзи, па 30-годишниот голман станува омразена фигура.
Рами одигра 36 натпревари за Франција меѓу 2010 и 2018 година, повлекувајќи се по освојувањето на Светското првенство во 2018 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем
