
„Пољуд“ гори, а Сплит го тресе фудбалска еуфорија. Иван Ракитиќ, легендарниот хрватски фудбалер, е нов фудбалер на Хајдук, потпиша договор на една година со можност за продолжување на соработката за уште една година.
Илјадници фанови на Хајдук дојдоа да го прослават доаѓањето на Иван Ракитиќ, а тој веднаш по прес -конференцијата излезе да ги поздрави.
„Сакам да им се заблагодарам на сите што дојдоа да ме поздрават. Му благодарам на претседателот, директорот и навивачите, посебно на мојата сопруга која ме поддржа во оваа одлука, и на мојот кум Кети, кои имаа огромна улога во сето ова. Да ми кажеше некој пред два-три месеца дека ќе седам тука, ќе му се насмеаев. Среќен сум и горд што можам да му вратам на хрватскиот фудбал за сето што тој ми го даде. Се отвори можност да дојдам во Хајдук и тоа беше единствената опција. Среќен сум што ќе уживам тука и едвај чекам да се приклучам на тимот, да ги почувствувам овие навивачи и што побрзо да започнеме. Се слушнавме со Гатузо. Тренерот е газда, тој знае што треба да правиме. Јас ќе помогнам како било, дури и ако треба како десен бек. Тука сум да помогнам и да ја повлечам целата екипа, нема никакви проблеми во врска со тоа. Важно е да се запознаеме, да се почувствуваме и тогаш сè ќе дојде само по себе“, изјави Иван Ракитиќ.

Никола Калиниќ беше оригинален. Спортскиот директор истакна дека Хајдук е најголемиот клуб во кариерата на Ракитиќ, иако беше член и на Барселона и на Севилја.

„Вовед не е потребен. Ова е еден од најголемите трансфери во историјата на Хајдук и Хрватска. Играше во големи клубови, освојуваше титули, а ова му е најголемиот клуб во кариерата. Тоа брзо ќе го потврди. Сакам ова што побрзо да заврши, бидејќи во четврток ни е првиот натпревар и сакаме да ја започнеме сезоната како што треба“, изјави Никола Калиниќ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
