Барселона е на крстопат, треба да се случат извбори за нов претседател, а потоа клубот ќе може да тргне во офанзива по засилувања. Мино Раиола, агентот на норвешкото чудо Ерлинг Халанд, очекува голема зделка доколку Хоан Лапорта го презеде повторно раководењето на Барса. Тогаш Халанд би можел да пристигне на „Камп Ноу“.
За Халанд сериозно е заинтересиран и Реал Мадрид, како и премиерлигашките клубови од Манчестер, а неговата вредност изнесува околу 70 милиони евра.
Раиола и Лапорта и во минатото знаеја да направат одлични зделки. Се уште во меморијата на фановите на Барселона е размената на Ибрахимовиќ и на Ето. Камерунецот имаше одлични сезони на „Камп Ноу“, а Ибрахимовиќ замина по само една сезона откако не се снајде најдобро во тимот на Пеп Гвардиола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













