Connect with us

Рафиња е играч на месецот во Ла Лига

Крилниот напаѓач на Барселона, Рафиња, ја доби наградата за играч на месецот во Ла Лига. Бразилскиот репрезентативец го освои признанието за август.

Во изминатиот месец, Рафиња настапи на четири првенствени натпревари, постигнувајќи три гола и исто толку асистенции.

Ова е првпат Рафиња да стане „играч на месецот“ откако се приклучи на Барселона во летото 2022 година.


Поранешниот фудбалер на Лидс има договор со каталонскиот клуб до 2027 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови