По победата над Работнички, прва во новата сезона, во таборот на Шкендија веруваат дека е надмината кризата на стартот од сезоната па денеска во 6. коло од Првата македонска фудбалска лига во тетовската пресметка против Ренова ќе нанижат нови три бода.
„Црвено-црните“ ја носат фаворитската улога пред мечот, посебно ако се знае дека и „гипсарите“ по одличниот старт сега веќе навлегоа во непосакувана серија претходните три натпревари од кои освоија само еден бод.
Од друга страна, пак, Академија Пандев во континуитет одржува високо ниво на ритам. Па, сосема е јасно дека струмичани ќе атакуваат на победа и на гостувањето против Струга Трим Лум. Иако останува фактот дека стружани се повеќе од тежок противник кога играат на домашен терен.
Во интересе дуел на националната арена „Тодор Проевски, Работнички ја пречекува Македонија ЃП. „Лавовите“ играат одлично на стартот од сезоната, за разлика од „романтичарите“ за кои ова ќе биде нов обид да се стави точка на серијата порази.
ПРВА ЛИГА – 6. КОЛО (денеска, 15:30 ч.)
Скопје: ШКУПИ – ВАРДАР
Тетово: РЕНОВА – ШКЕНДИЈА
Струга: СТРУГА ТЛ – АК. ПАНДЕВ
Скопје: РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП
Кратово: СИЛЕКС – БОРЕЦ
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal