Connect with us

Работнички убедлив на тестот со Тетекс

Македонскиот прволигаш Работнички славеше со убедливи 4-0 против Тетекс на пријателскиот натпревар во Скопје. Првиот гол беше дело на капитенот Кристијан Стојкоски во 39.минута, по одличната акција на Тантуровски.

Во вториот дел уште три погодоци во мрежата на Тетекс. Во 51.минута, Рафаел Гоес зголеми на 2-0, а до крајот погодија и Бујар Хајдари и Ебрима Бџие.

Работнички во десеттото коло од шампионатот на домашен терен го пречекува Скопје.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови