
Работнички во 13.коло од Првата фудбалска лига е домаќин на Силекс. Крилниот напаѓач Атдхе Мазари во најава за денешниот дуел истакна дека фудбалерите се максимално мотивирани да го покажат својот квалитет, по слабото издание и поразот од Шкупи во минатото коло.
„Работнички поседува многу поголем квалитет од игрите и резултатите што ги остварува тимот во досегашниот тек од првенството. Ние фудбалерите сме свесни за тоа и треба да го покажеме на теренот. Максимално сме мотивирани за мечот со Силекс, ги посакуваме трите бода и се ќе дадеме сѐ од себе да ги освоиме. Противникот е одлична екипа, но верувам дека ќе успееме да ги надиграме и да стигнеме до триумф“, изјави Атдхе Мазари.
По разделбата со Милан Илиевски, денеска на клупата на Работнички ќе биде тандемот Горан Станиќ – Баже Лазаревски.
Силекс многу подобро стои на табелата. Во моментот е на четвртата позиција со 20 бода, наспроти Работнички кој е на деветтото место со 13 бода.
Брегалница на домашен терен ја пречекува Македонија ЃП.
„Играме исклучително важен натпревар против Македонија ЃП во кој победникот ќе направи исчекор кон горниот дел на табелата. Максимално сме подготвени и мотивирани и уште од првата минута ќе атакуваме на трите бодови. Здравствениот билтен ни е одличен, немаме повредени ниту казнети фудбалери. Домашниот терен и нашата верна Фаланга ни се дополнителен мотив да го оставиме срцето на теренот и да дојдеме до сигурни три бода. Потоа ни следи уште еден исто така многу важен натпревар во купот, во среда, но одиме чекор по чекор до две победи”, изјави фудбалерот на Брегалница, Зоран Андонов.
Тиквеш во Кавадарци е домаќин на Гостивар, а Воска во Охрид ќе ја нагости Брера.
Дуелите Шкупи – Вардар и Шкендија – Струга ТЛ се играат утре, со почеток во 13 часот.
ПРВА ЛИГА ДВОЈКИ, 13.КОЛО
РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС (денеска, 13 часот)
БРЕГАЛНИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП
ТИКВЕШ – ГОСТИВАР
ВОСКА – БРЕРА
утре (13 часот)
ШКУПИ – ВАРДАР
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – ШКЕНДИЈА

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Ако Реал денеска загуби, Анчелоти ќе добие отказ
