Работнички се засили со камерунскиот интернационалец Марселин Гандо Биала. Тој потпиша договор до крајот на 2023 година и ќе го засили нападот, објави клубот од Дебар Маало. Марселин Гандо Биала одреден период веќе тренира со составот на Љупчо Марковски и веќе се вклопи во екипата.
Марселин Гандо Биала (25) доаѓа од египетскиот клуб Петројет, а има претходно искуство од Европа каде настапувал за Левадија (Естонија) и за Енозис (Кипар). Тој има играно и во неколку камерунски клубови, Лес Астрес, Униспорт Бафанг, Апејес и Њу Стар.
Advertisement
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski
Advertisement
Advertisement