
Македонскиот прволигаш Работнички упати честитки до својот поранешен фудбалер, македонскиот репезентативец Елиф Елмас, кој со тимот на Наполи го освои шампионскиот трофеј во Серија А.
Елмас израсна во прочуената младинска академија на ФК Работнички, а потоа преку Фенербахче се пресели во Наполи, и стана вториот Македонец по Горан Пандев што успеал да го освои „скудетото“.
„Беше поинаков уште од најмала возраст. Од него зрачеше неверојатен оптимизам и желба за успех. Отсекогаш имаше огромна самодоверба во своите фудбалски квалитети и не се плашеше да ги покаже ниту на своето деби во првиот тим на Работнички со едвај наполнети 16 години, ниту на дебито во репрезентацијата на Македонија.
Предодреден за да успее. Елиф Елмас.
Гордост на ФК Работнички, веќе голема ѕвезда во Серија А, но голем другар, пријател и сѐ уште скромно момче кое е еден од нас. Доаѓа да нѐ посети во секој слободен момент кога е во Скопје.
Тој е пример за сите млади од нашата академија, урнек дека талентот и потенцијалот не познаваат граници и дека и секое младо момче од Работнички може да ги достигне и европските величини, да го освои „скудетото“ во Серија А!
Честитки, Елиф, за тебе само небото е лимит. Веруваме дека ќе има уште многу трофеи, и посакуваме да ја оствариш и целта која ја зацрта уште додека беше во Работнички – „Златната топка“ !“, се вели во објавата на официјалниот сајт на ФК Работнички.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Евро-фудбал
Њукасл и Арсенал во трка за Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал
