Работнички го одигра вториот пријателски натпревар на подготовките во Анталија и ремизираше без голови против рускиот тим Томск. Во борбен натпревар без многу шанси, составот на Ратко Достаниќ прикажа квалитетна игра, но не успеа да пронајде пат до противничката мрежа. „Романтичарите“ може да ги радува играта во дефанзива, но до крајот на подготовките ќе треба да се посвети поголемо внимание и на реализацијата.
Тренерот Ратко Достаниќ го започна натпреварот со следниот состав: Јанков, Силјановски, Трајковиќ, Велковски, Херера, Тодоровски, Петковски, Станковски, Шаркоски, Ломба, Тошевски. Во вториот дел шанса доби и новиот фудбалер Дин Аломеровиќ кој дебитираше во составот на Работнички.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал Мадрид повторно се заинтересира за Родри?
Евро-фудбал
Јувентус го доведе Зеки Челик од Рома













