
Фудбалскиот клуб Работнички прави револуционерен потег, се отвора кон дигиталниот свет со намера да остави свој белег како светски иноватор. Ќе биде тоа голема промоција за клубот, македонскиот фудбал, но и спортот во целина, во една нова дигитална сфера.
ФК Работнички ќе биде првиот професионален фудбалски клуб кој ќе чекори во светот на НФТ! Со ова движење клубот ќе биде пионер и предводник на револуционерни промени во фудбалскиот свет, како и во НФТ просторот! Ова е овозможено со договорот меѓу претседателот на ФК Работнички, Драган Поповски, и основачот на НФТ К-клуб, Владимир Крстиќ.
НФТ е пазар со огромен потенцијал кој најчесто се користи за продажба на уникатни производи за дигитална уметност, но сега со помош на ФК Работнички, НФТ технологијата ќе биде употребена како мост меѓу дигиталниот свет и реалните фудбалски операции! Ова е голем иновативен чекор за глобалниот спортски свет.
Работнички со ова веројатно прави еден голем значаен чекор во дигиталната ера, следејќи ги големите европски клубови, Интер, Челси, Реал Мадрид, кои веќе се насочени кон ваквите проекти.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
