Македонија ЃП го совлада Работнички со 2-1 во премиерниот натпревар од 25.коло во Првата фудбалска лига. „Лавовите“ успеаја да ги искористат своите шанси, за разлика од гостите од Дебар Маало, кои и во финишот пропуштија две можности за израмнување.
Личина во 24.минута донесе водство за „лавовите“, а само две минути подоцна стигна фантастичен одговор од Адтхе Мазари кој упати проектил и ја затресе мрежата на Македонија ЃП.

Матеј Ангелов се обиде да направи пресврт до крајот на првиот дел, но без успех.
Во второто полувреме, Арби Воша се закани, но Алексовски одбрани, а во 73.минута Филип Алексовски ја погоди мрежата на Работнички, совладувајќи го неговиот брат Игор кој го рани голот на „романтичарите“.
Работнички имаше две одлични шанси за израмнување. Марселин Гандо Биала излезе сам пред
Стевковски и се обиде откосо да го лобува, но не погоди, а потоа Никола Манојлов со удар со глава не успеа да реализира од петерецот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













