Работнички и Тиквеш ремизираа (1-1) на пријателскиот натпревар на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари. Тоа беше последна контрола пред стартот на пролетниот дел од првенството за ззбраниците на Александар Влахо.
Тиквеш поведе рано, во шестата минута од натпреварот. По корнер, во продолжение од акцијата најдобро се снајде Петар Љамчевски и успеа да ја затресе мрежата на Ристе Јанков. Но, Работнички веднаш тргна по израмнување, шанса имаше Петар Петковски, потоа се закани и Никола Прелчец, и новото засилување успеа да погоди со удар од далечина во 23.минута.
Пред крајот на првиот дел Симеон Христов излезе сам пред Јанков, но голманот на Работнички со одлична интервенција го спаси голот.
Во вториот дел, Работнички беше поактивен, убави шанси имаа Фахрудин Ѓурѓевиќ и Никола Прелчец, се обиде и Максимов, но до крајот сепак остана 1-1.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













