
Работнички ја пречекува Шкендија во пресметката за првото место на табелата, во еден од најинтересните дуели од 13.коло во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“ се единствениот непоразен тим во шампионатот и се лидери со 24 бода, еден повеќе од второпласираната Шкендија.
Капитенот на Работнички, Егзон Белица, верува дека неговиот тим може да стигне до триумф на ова дерби.
„Нѐ очекува нов дерби натпревар. Шкендија е квалитетен тим, ја заслужува нашата максимална почит, но ние сакаме победа и три бода. Играме на домашен терен и веруваме дека можеме да стигнеме до успех. Доколку ја наметнеме нашата игра и ги испочитуваме плановите на стручниот штаб, се надеваме дека на крајот ќе се радуваме“, изјави Белица.
Крилниот напаѓач на Шкендија, Аденис Шала, истакнува дека ова е важен натпревар за неговиот тим и верува во успех.
„Според досега прикажаното, ова се двата најдобри тима во првенството. Ние сме подготвени се надигрување, веруваме во својот квалитет и одиме на победа против Работнички“, изјави Шала.
Шкупи на Чаир ќе го пречека Гостивар во дуелот на двајца турски тренери на клупата.
Брера на домашен терен ќе игра против Силекс, а Беса ќе го нагости шампионот Струга ТЛ.
Најголемо внимание привлекува „дербито на Македонија“ меѓу Пелистер и Вардар кое ќе се одигра во вечерен термин, под рефлектори, од 19 часот на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола. Билетите се распродадени и се очекува одлична атмосфера.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 13.КОЛО
РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА (13 часот)
ШКУПИ – ГОСТИВАР
БРЕРА – СИЛЕКС
ВОСКА СПОРТ – ТИКВЕШ
БЕСА – СТРУГА ТЛ
ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР (19 часот)

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Коста Манев, големо засилување за Беласица

Прва лига
Нигериецот Олатунбосун го засили Арсими

Евро-фудбал
Блесна „десетката“ крај името на Мбапе (ФОТО)

Евро-фудбал
Јувентус го враќа Сандро Тонали во Серија А

Интернационалци
Јани Атанасов потпиша за Лариса

Прва лига
Стефан Лазаревиќ замина од Работнички
