Работнички успеа да стигне до победа (1-0) на дуелот против Силекс во 13.коло од Првата фудбалска лига. Стрелец на победничкиот гол беше Стефан Деспотовски во 54.минута, а домаќините половина час играа со фудбалер помалку поради исклучувањето на Влатко Стојановски.
Во Штип, Брегалница загуби од Македонија ЃП со 2-3. Три гола постигнаа “лавовите” во првиот дел, преку Мишевски, Стојков и Алији. Брегалница се обиде да се врати, постигна два гола преку Велковски и Калпачки, но, сепак, на крајот загуби.

Тиквеш во Кавадарци одигра 2-2 против Гостивар. Џелил Абдула и Атиемвен од пенал донесоа два гола позитива за гостите, но Тиквеш и со фудбалер помалку стигна до реми со головите на Спахиу и на Иван Ивановски.
Воска во Охрид ремизираше против Брера, 1-1. Ален Јашароски ги доведе домаќините во водство, но само четири минути подоцна израмни Галевски.
Утре се играат преостанатите два натпревари од 13.коло: Шкупи – Вардар и Струга Трим Лум – Шкендија.
ПРВА ЛИГА, 13.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС 1-0
БРЕГАЛНИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП 2-3
ТИКВЕШ – ГОСТИВАР 2-2
ВОСКА – БРЕРА 1-1
утре (13 часот)
ШКУПИ – ВАРДАР
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – ШКЕНДИЈА
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Лаутаро и Бони го однесоа Интер на врвот (ВИДЕО)
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии













