Пари Сен Жермен започна преговори со Ајнтрахт Франкфурт за дефанзивецот Вилијам Пачо, пренесуват германските медиуми. Францускиот шампион има сериозен интерес за 22-годишниот одбранбен фудбалер и сака да го доведе во својот состав.
Еквадорецот исто така е подготвен да ја промени клупската припадност.
Ајнтрахт го донесе Пачо минатото лето од Антверпен. Неговиот договор е до 2028 година, а вредноста на дефанзивецот е проценета на околу 35 милиони евра.
Вилијам Пачо одигра 44 натпревари за „орлите“ минатата сезона, во кои се истакна со две асистенции. За националниот тим на Еквадор има 16 настапи и два постигнати гола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













