Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, може да го напушти клубот, бидејќи е предмет на интерес од францускиот првак ПСЖ, пренесува „Дефенса Сентрал“.
Парижаните се незадоволни од настапите на нивниот прв голман, Џанлуиџи Донарума, па затоа го свртеле вниманието кон белгискиот чувар на мрежата. Тие бараат сигурен голман и се подготвени да платат значителна сума за него.
Шпанскиот гигант, од своја страна, не е подготвен лесно да се откаже од својот голман и му подготвува нов договор, но францускиот шампион е подготвен да ја удвои сумата што „кралевите“ ќе му ја понудат.
Во сезоната 2024/25, Куртоа одигра 12 натпревари за Реал, при што прими 10 гола и имаше четири чисти мрежи досега во сезоната.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













