Connect with us

ПСЖ сака да го купи Бруно Гимараеш

Пари Сен Жермен е уште еден клуб кој покажува интерес за ѕвездата на Њукасл, Бруно Гимараеш. Францускиот шампион на лето подготвува голема реконструкција и засилувањето на средниот ред е една од главните задачи. Токму поради тоа од „Паркот на принцовите“ фрлија око на бразилскиот репрезентативец, тврди „Еспорте“.


Гимараеш има одлична сезона со тимот на Њукасл. Иако е дефанзивен играч за врска, има одличен сенс за играта и корисен е и во нападот, со девет гола и пет асистенции на 41 натпревар досега.

На ПСЖ му се допаѓа Гимараеш и поради неговата сестраност и поради фактот што тој веќе има искуство во Лига 1. Пред да се пресели на „Сент Џејмс Парк“, тој играше во Лион.

Њукасл дава сѐ од себе за да го задржи 25-годишниот играч, но тоа се покажува како тешка мисија. Челниците на клубот се обидуваат да го убедат да потпише нов договор, но преговорите засега не даваат резултат. Во меѓувреме секој ден се зголемуваат кандидатите за потписот на Бразилецот, а за него покрај ПСЖ се интересираат и Ливерпул, Челси и Реал Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови