Францускиот првак Пари Сен Жермен прави психолошки притисок на Барселона пред нивниот дуел во нокаут фазата од Лигата на шампионите. Раководството на „светците“ веќе подолго време најавува дека подготвува мегатрансфер на најголемата светска ѕвезда Лионел Меси која сака да замине од „Камп Ноу“, а најново е дека и Жорди Алба би можел да се пресели во Париз.
Споррскиот директор Леонардо смета дека Жорди Алба и Лео Меси, кои се одличен тандем во Барселона, би биле неверојатни засилувања за составот на ПСЖ кој атакува на освојување на трофејот во Лигата на шампионите.
Жорди Алба има договор со Барселона до јуни 2024 година и неговиот ангажман ќе оди малку потешко доколку каталонскиот клуб не се сложува на негова продажба. Лионел Меси по завршувањето на оваа сезона е слободен играч.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













