За време на оваа седмица, Пари Сен-Жермен очекува да договори тројца фудбалери кои би требало да му се приклучат на францускиот гигант во летниот преоден рок. Иако Барселона веќе подготвии медицински прегледи за Џорџинио Вајналдум, сепак играчот од средниот ред одлучи да му се придружи на ПСЖ. Тој ќе потпише договор со „светците“ до 2024 година.
Освен тоа, раководството на ПСЖ сега е уште во преговори и со Интер за доведување на Ашраф Хакими. Двете страни се постојано во контакт, а богатиот клуб од Париз се надева дека ќе ја искористи лошата финансиска состојба на “нероаѕурите” и ќе го доведе дефанзивецот за помала сума од бараната – 80 милиони евра.
Се поизвесно е дека и италијанскиот репрезентативен голман Џанлуиџи Донарума ќе ја продолжи својата кариера подалеку од својата татковина, а во последните денови, ПСЖ ги забрза контактите со неговиот агент, Мино Раиола. Моментално, ова е најреалната опција за иден клуб на 22-годишниот голман со оглед дека Јувентус не може да се “ослободи” од Војчех Шчешни, а ни Барселона нема во план да го продаде Марк Андре тер Штеген.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal