Connect with us

„ПСЖ не е тим, тоа е еден голем хаос“

Фудбалерите на Пари Сен Жермен загубија синоќа во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите од Баерн во Минхен со 2-0 и така оваа сезона останаа без трофејот што им недостасува.


Џејми Карагер, легендата на Ливерпул, кој работи како стручен коментатор, беше навистина груб кон тимот од Париз.


„Искрено, воодушевен сум што ПСЖ испадна, навистина. Не ми се допаѓа како се составени, тоа не е тим, тоа е еден голем хаос. Во пет од седум сезони испаднаа во осминафиналето, а трошат повеќе од сите други. Ги имаат најдобрите играчи во светот, поединци кои сите ги сакаме, но мило ми е што тоа им се случи затоа што покажува колку е важен тимот. Тие не се тим и Килијан Мбапе мора да го напушти тој клуб“, јасен е Карагер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови