Connect with us

ПСЖ ќе му понуди на Мбапе нешто што досега било само сон

На Килијан Мбапе му истекува договорот со ПСЖ на крајот од сезоната, што значи дека сега му е дозволено да преговара со потенцијален нов клуб. Француската суперѕвезда минатата година беше на прагот да се пресели во Реал Мадрид, но потоа изненадувачки ја продолжи соработката со парижаните.


Во моментов има нова сага за неговиот трансфер, а ПСЖ ќе стори сѐ да го задржи.

ПСЖ ќе му понуди на Мбапе годишна плата од 100 милиони евра. Според „Капологија“, неофицијален извор на платите на фудбалерите, Мбапе моментално заработува 72 милиони евра годишно. Најплатен фудбалер во светот е Кристијано Роналдо (38), кој во Ал-Наср добива 200 милиони евра годишно. Но, ниту еден европски клуб не може да даде толку пари како Саудијците.

„ПСЖ подготви понуда која не може да се спореди со ништо. Ќе му понудат договор без преседан, нешто неверојатно, кое оди над 100 милиони евра по сезона. Значи, нешто што ниту еден клуб нема да може да го израмни. Тоа ќе има придобивки за братот, семејството, за сите…

Од една страна ќе има понуда како од антички Рим, античка Грција или египетските пирамиди. Од друга страна го имаме она што е нормално од Реал Мадрид, а тоа е договор вреден 30 милиони евра годишно, можеби и малку повеќе. Ова е нормална плата за фудбалерите. На хартија има разлика меѓу двете понуди каква што никогаш не сме виделе. Неверојатно е тоа што ПСЖ му го нуди на Мбапе“, открива „RMC“.

Мбапе постигна 26 гола на 25 натпревари оваа сезона и додаде четири асистенции. Од потписот за ПСЖ во 2017 година, тој одигра 285 натпревари, постигна 238 гола и асистираше на 102.

За француската репрезентација има 75 настапи и 46 голови. „Трансфермаркт“ го проценува на 180 милиони евра, со што го дели статусот на највреден фудбалер на светот заедно со Џуд Белингам и со Ерлинг Халанд.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови