
Кристоф Галтие дефинитивно нема да биде тренер на Пари Сен Жермен следната сезона, пренесува угледниот и добро информиран „Л’Екип“.
Иако Галтие ќе го освои францускиот шампионат, челниците на клубот не можат да му го простат неуспехот во Лигата на шампионите и предвремената елимнинација од Баерн Минхен во осминафиналето.
„Л’Екип“ пишува дека деновиве клубот размислува кој да го наследи Галтие и да го предводи ПСЖ во голема реконструкција на тимот, во кој нема да бидат Лионел Меси и Нејмар, кои сигурно заминуваат на лето.
Првото име на листата со желби е тренерот на Рома, Жозе Мурињо. Со заминувањето во Париз, Португалецот би имал можност да се врати на најголемата сцена и повторно да се бори за титулата европски првак.
Конкуренти за работата во Париз се и тренерот на Болоња, Тијаго Мота, и Аргентинецот Марсело Галјардо, кој е без работа откако ја напушти Ривер Плата.
Овие тројца веќе некое време кружат низ медиумите, а ново име на списокот е Чаби Алонсо, кој неодамна изјави дека сака да остане во Баер Леверкузен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?
