
Бразилецот Нејмар се повреди, најверојатно ќе паузира еден месец од фудбалските терени, а францускиот првак Пари Сен Жермен ја одреди цената доколку сака да го напушти клубот. Заинтересираните клубови на ПСЖ ќе треба да му исплатат отштета од 100 милиони евра.
Нејмар минатото лето притискаше да замине од „Паркот на принцовите“, но на крајот сепак остана затоа што ниеден клуб во период на финансиска криза поради пандемијата од коронавирусот не можеше да си дозволи таков трансфер. Тој беше во преговори за враќање во Барселона, но каталонскиот клуб западна во сериозни финансиски проблеми. Дури и Лионел Меси сака да го напушти клубот, а Нејмар најавува дека набрзо би можеле да играат повторно заедно.
Нејмар во 2017 година направи рекорден трансфер од Барселона во ПСЖ за сума од 222 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski