Connect with us

ПСЖ, и без Мбапе, го суреди Лил (ВИДЕО)

Францускиот првак Пари Сен Жермен оствари сигурен триумф (3-1) против Лил иако во тимот не се појави првата ѕвезда Килијан Мбапе. Напаѓачот доби сериозен удар во глуждот на минатиот натпревар и овојпат остана на клупата за резерви, но неговите соиграчи успешно ја завршија работата.

Јусуф Јазичи во шестата минута донесе водство за Лил, но ПСЖ брзо возврати. Во десеттата минута Гонсало Рамош успеа да го израмни резултатот.

Автоголот на Алешандро во 17.минута му обезбеди предност на ПСЖ, а триумфот го завери Рандал Коло Муани во 80.минута од мечот.

ПСЖ сега на врвот има 11 бода предност пред Ница, која утре го пречекува Монако.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови