Connect with us

ПСЖ го носи Н’Голо Канте на „Паркот на принцовите“

Пари Сен Жермен планира да му понуди преддоговор на играчот од средниот ред на Челзи, Н’Голо Канте. Францускиот првак тоа може да го направи уште на зима, бидејќи актуелниот договор на 31-годишниот играч истекува на крајот на сезоната и тој може да преговара со други клубови шест месеци претходно.


Оваа сезона не започна добро за Канте, кој беше погоден од повреди и минатата недела продолжи со нормални тренинзи. Според сите предвидувања, тој ќе има споредна улога на „Стемфорд Бриџ“ оваа сезона, а клубот се уште не му пристапил со понуда за продолжување на договорот. Тоа му остава одврзани раце да бара нов тим.

Спортскиот директор на ПСЖ, Луис Кампос, ја обожува играта на Канте и сака да го донесе на „Паркот на принцовите“. Тој веќе подготвува план за тоа да се случи. Сепак, парижаните треба да знаат дека за него сериозен интерес има и од Јувентус.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови