Connect with us

ПСВ го потврди „рекордниот трансфер“ на Коди Гакпо во Ливерпул

ПСВ Ајндховен го потврди трансферот на Коди Гакпо во Ливерпул. Во соопштението се наведува дека станува збор за „рекорден трансфер“ во историјата на ПСВ.


Ливерпул веднаш ќе плати 45 милиони евра, а потоа трансферот преку бонуси ќе достигне вредност од 55 милиони.


Гакпо во наредните денови ќе отпатува во Ливерпул на лекарски прегледи и потпишување договор со клубот од „Енфилд Роуд“.


Гакпо на тој начин ќе ја засили и онака одличната офанзивна линија на тимот на Јирген Клоп.

Германецот ги има Салах, Нуњез, Фирмино, а повредени во моментот се Жота и Луис Дијаз.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови