Connect with us

Првпат по речиси две децении, во тимот на годината го нема Лионел Меси

Шестмина играчи од победникот во Лигата на шампионите, Реал Мадрид, и четворица од Манчестер Сити се најдоа меѓу најдобрите 11 фудбалери во тимот на годината на Асоцијацијата на професионални фудбалери (ФИФПро). Лионел Меси за првпат по речиси 20 години, од 2006 година, не се најде на оваа листа.


Аргентинецот, кој е рекордер со 17 избори во идеалниот тим, беше заменет со играчи како Ерлинг Халанд, Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор.

Џуд Белингам го предводеше гласањето кај мажите, при што играчот од средниот ред на Реал Мадрид и на англиската репрезентација доби 11.176 гласови од своите колеги.

Одбранбениот играч на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, е единствениот фудбалер надвор од Реал Мадрид и Манчестер Сити кој е вклучен во тимот за 2024 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови