
Португалскиот стратег Жозе Мурињо веќе го има списокот за нови засилувања на „Олимпико“, а на првото место е Џанлуиџи Буфон. Легендарниот голман најави дека ќе го напушти Јувентус поради малата минутажа и за два дена доби преку десетина понуди за продолжување на кариерата. Од Фламенго, преку Барселона, до враќање во матичниот клуб Парма. Меѓу интересентите е и Рома.
Наводно, во акцијата за ангажман на Буфон се приклучил Франческо Тоти, кој е голем пријател со голманот на Јувентус.
Од друга страна, помалку е познато дека првиот обид на Буфон да стигне до Рома не заврши добро. Рома го посакуваше Буфон кога беше голман на Парма, а претседателот Сенси направи огромна грешка, го зеде Пелицоли од Аталанта, тврдејќи дека е поперспективен. Останатото е историја. Тоа беше пред точно 20 години…
Покрај Буфон, Мурињо сака нов тандем стопери, Дајер од Тотенхем и Хојберг, кој речиси сигурно нема да добие дозвола за заминување. Првиот пик е Мауро Икарди, можеби и Клајверт ќе се врати, ако не го откупи Лајпциг..

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
