Хрватската легенда Роберт Просинечки има нова тренерска работа. Тој го презеде кормилото на хрватскиот прволигаш Рудеш.
„Чест ми е што дојдов овде. И поради пријателството, но и поради визијата што ја има овој клуб. Верувам дека можеме да бидеме стабилен прволигаш, можеби и хит во првенството. Веќе имаме интересни играчи, но ќе мора да се засилиме. Сигурен сум дека играчите ќе го препознаат Рудеш како сериозна приказна“, изјави Просинечки, кому ова му е прв ангажман во хрватскиот клупски фудбал во тренерската кариера.
Кариерата ја започна во Црвена Звезда, а работеше и во Турција. Последен пат беше на кормилото на Олимпија Љубљана. Како селектор ги водеше Азербејџан и Босна и Херцеговина.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal













