Роберт Просинечки и официјално е нов тренер на Олимпија. Тоа е враќање за него во Љубљана, откако пред крајот од својата играчка кариера го носеше дресот на словенечкиот клуб.
Беше член на Олимпија во сезоната 2002/03, а дресот на словенечкиот клуб го облече по заминувањето од англискиот Портсмут. На клупата ќе го наследи Дино Скендер.
„Откако раководството на клубот, по низата неубедливи настапи и резултати кои не беа на очекуваното ниво, реши да го смени досегашниот стручен штаб, со гордост и задоволство ви претставуваме дека нов тренер на нашиот клуб е Роберт Просинечки. Не се случува секој ден да дојде вакво големо фудбалско име во Словенија. Имавме можност и ја искористивме“, објави Олимпија која во моментов е на третото место во словенечкиот шампионат.
Популарниот Жути ја започна својата тренерска кариера на клупата на Црвена Звезда, а подоцна ги предводеше Кајзериспор, Азербејџан, Босна и Херцеговина и Денизлиспор.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













