Работнички зимското реновирање го почна од стручниот штаб. Шефот Ратко Достаниќ останува, но заминуваат првиот асистент Баже Илијоски и кондицискиот тренер Михајло Шејкероски Шани. Донесена е одлука тие двајца да заминат, а допрва ќе се знае како ќе бидат пополнети позициите веднаш до тренерот Достаниќ.
Засега нема нови имиња во Работнички, а единствен на кого му е истечен договорот е Николче Шаркоски. Се водат преговори, а се очекува многу работи да бидат познати за неколку дена.
Работнички првиот дел од сезоната го заврши на седмата позиција на табелата со 24 бода, односно пет победи, девет ремија и четири порази
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













