
Македонскиот прволигаш Брера Струмица направи кадровски промени во клубот по завршување на сезоната. Досегашниот генерален директор на клубот Јован Симиќ во иднина ќе ја извршува позицијата спортски директор додека нов генерален директор ќе биде Ванчо Стојанов.
„Благодарам на довербата која ми е дадена од фудбалската легенда, претседателот на нашиот клуб Горан Пандев како и од директорот на БРЕРА Холдинг Пјерлуиџи Галопи. Целите остануваат исти – раст и развој на клубот и градење и одржување силни односи со спонзорите, навивачите, заедницата. Секако приоритет ќе биде обезбедување одржливост на клубот, поголема промоција дома и во странство , регрутирање и задржување на играчи, тренери, обезбедување услови за развој на младите и негување на локални таленти, промоција на тимската работа како и соработка со останати клубови и школи. Верувам дека сите заедно може да го поттикнеме напредокот и успехот на фудбалскиот клуб АП БРЕРА во Струмица и да придонесеме за неговиот севкупен раст и просперитет во иднина“, изјави Ванчо Стојанов новиот генерален директор на ФК АП Брера Струмица.
Ванчо Стојанов во клубот дојде на стартот од пролетниот дел на првенството, а претходно има работено во ФК Хоризонт Турново и во ФК Беласица од Струмица.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
АЕК Ларнака го шокираше Кристал Палас
