Connect with us

Промашувањето на Томас Милер ќе се врти со години како пеналот на Роберто Баџо (ВИДЕО)

Јоаким Лев го врати Томас Милер во бундес – тимот со цел да добие на искуство. Тој обично е „ладен како шприцер“ на најважните натпревари, има поминато се во кариерата, но вечерва на „Вембли“ го имаше можеби и најголемото промашување.

Во 82.минута, при резултат 1-0 за Англија, Томас Милер доби одлична топка од Каи Хаверц, излезе сам пред голманот Џордан Пикфорд и кога сите очекуваа израмнување, тој го промаши целиот гол.

Оваа утка сигурно ќе се врти долго на телевизиските екрани, слично како промашениот пенал на Роберто Баџо во финалето на Светското првенство 1994 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови