
Македонскиот прволигаш Академија Пандев од вчера и официјално е во мнозинска сопственост на „Брера Холдинг“. Како што информира „Фактор“, вчера на Македонската берза помина блок трансакција со акциите на фудбалскиот клуб Аакадемија Пандев од Струмица.
Според податоците од Берзата, во блок трансакцијата, биле продадени 2.250 акции на ФК Академија Пандев, по цена по акција од 16.480 денари, или во вкупен износ од нешто над 37 милиони денари. Поточно, вкупно 603.000 евра.
Ако се погледнат податоците на Берзата за овој фудбалски клуб, може да се види дека самиот ФК Академија Пандев има вкупно издадено 2.500 акции, што значи дека вчера преку берзанската блок трансакција бил продаден најголемиот дел од акциите, односно 2.250, а останале само 250 акции. Или, изразено во проценти, тоа значи дека вчера преку берзанска блок трансакција биле продадени 90 отсто од фудбалскиот клуб Академија Пандев, за сума од 603 илјади евра.
Брера е аматерски клуб од Милано, трет во градот, по италијанските гиганти Интер и Милан.

-
ВАРДАР ПАК Е ПРВОЛИГАШ: Убедливо го победи Скопје во баражот (ВИДЕО)
Најтрофејниот македонски клуб Вардар се врати во Првата лига откако убедливо го победи ФК...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2022/23 ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга ТЛ ја освои историската прва титула шампион на Македонија, откако излезе победник во...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Фудбалерите до 15 години подобри од Албанија

Евро-фудбал
Нејмар се договорил со Манчестер Јунајтед
